Apple ја започна дистрибуцијата на апдејт за неодамна презентираните нови лаптопи MacBook Pro, кој отстранува „баг“, кој води до пад во перформансите поради системот за термичка контрола. Таа ја ограничува брзината на процесорот при големо оптоварување за контрола на неговата температура.
Ажурирањето доаѓа, откако многу корисници откриле дека системот е многу агресивен, а топ-моделот со 6-јадрен процесор Core i9 обезбедува значително пониски перформанси отколку што вети.
По деталните тестови, од Apple утврдиле дека во фирмверот на лаптопите недостасува дигитален клуч, а тоа влијае на системот за термичка контрола и може да ја намали брзината на процесорот под големо оптоварување. „Закрпата“ е вклучена во новата верзија на macOS High Sierra со број 10.13.6, кој веќе е дистрибуиран. Тестовите веќе покажаа значително подобрување во перформансите на лаптопот.
Според информации на 9to5Mac овој проблем влијае на сите нови модели MacBook Pro и не е ограничен само за верзијата со Core i9, па ќе им помогне на сите корисници со некој од новите лаптопи. Сајтот наведува дека внатрешните тестови на Apple не биле погодени од овој „баг“ и затоа компанијата не успеала да го открие пред излегувањето на лаптопите.