Кинескиот холдинг „Hisense“, официјално, стана сопственик на словенечката компанија за бела техника „Gorenje“. Сега компанијата „Hisense“ поседува 95.42% во сопственичката структура на компанијата за производство на апарати за домаќинство и бела техника од Велење.
Понудата за откуп е прифатена од 5.165 акционери, пришто компанијата „Хисенс“ плати вкупно 183 милиони евра за докупување на останатите 62.46% од акциите. Со ова, е проценета на нешто помалку од 300 милиони евра. Пред преземањето, „Hisense“ поседуваше 32.96% од акциите во „Gorenje“.
Од компанијата велат дека нема да има промени во брендот „Gorenje“, туку фабриката во Велење ќе биде нов центар за истражување и развој на „Hisense“. Со ова, тие ќе ја зголемат ефикасноста во производството преку интеграција на производствените капацитети.
Превземањето треба да биде одобрено од регулаторите на пазарите каде што работат двете компании, како и од Европската комисија.