Компанијата Samsung планира да претстави безжичен полнач кој ќе може истовремено да полни два уреда, смартфон и Galaxy Watch.
Фотографијата на пакувањето за полначот наречен Wireless Charger Duo се појави на интернет во пресрет на медиумскиот настан на компанијата Unpacked, што ќе се одржи во Barclays Center во Њујорк на 9. август.
Пакувањето, односно кутијата, открива дека полначот може да полни или два Qi конвертибилни смартфони или еден смартфон и Galaxy Watch. Двете места за уредите поддржуваат брзо полнење.
Претстојниот Galaxy Note 9 наводно ќе има батерија од 4.000 mAh, а Samsung го регистрираше новиот безжичен полнач кој може да го забрза веќе брзото полнење на новите Galaxy модели. Се уште не е јасно дали Wireless Charger Duo ќе биде способен за такви можности.