Ако не е Samsung, тогаш е iPhone, а ако малку подобро ја разгледате понудата, можеби ќе се одлучите и за некој нов кинески телефон штотуку излезен на пазарот. Како и да е, понудата на паметни телефони во денешно време е во апсолутна стагнација кога станува збор за иновациите, а тоа почна да се одразува и врз продажбата, па купувачите сѐ почесто одлучуваат да прескокнат генерација или две и да причекаат со купувањето на новиот уред.
Тоа не значи дека нема добри телефони или дека не се случува апсолутно ништо. Факт е дека во последно време гледаме сѐ повеќе уреди наменети за гејмерите, но тоа, сигурно ќе се согласите, не е баш еволуцијата што ја чекавме.
Но, додека чекаме да се појави нешто што ќе ни ги извади парите од џеб, можеби е добро да ја погледнеме понудата на оние помалку познатите компании и да видиме дали можеме да пронајдеме нешто интересно, поразлично или подобро. А и цените во повеќето случаи се повеќе од прифатливи.
1. Ulefone Power 5 (395 долари)
Се сеќавате ли кога телефоните се полнеа само еднаш неделно? Тие времиња се вратија благодарение на овој телефон кој има неверојатна батерија од 13000 mAh. Меѓутоа, ако мислите дека не е добар кога станува збор за останатите перформанси, се лажете. Можеби не е најубав и најсилен, но има одлични перформанси, а и прифатлива цена.
2. Vivo NEX (од 700 до 780 долари)
Оние што го следат пазарот на паметни телефони веројатно слушнале за Apex, кој успеа да добие уред кој речиси целосно е екран, а проблемот со селфи-камерата е решен со камера која излегува од врвот на уредот и со тоа го ослободува целиот екран. Nex е продолжение на оваа приказна и го решава единствениот проблем на Apex со дизајнот.
3. RedMagic (околу 400 долари)
Гејмер сте, а сакате телефон кој одговара на вашите специфични барања? Nubia влезе во трката за нови телефони приспособени за гејмерите, кои се сѐ помногубројни. Иако на прв поглед изгледа дека е послаб во споредба со други уреди, не смееме да заборавиме дека станува збор за посебно модифицираниот процесор Snapdragon 835, а тука е и далеку подоброто ладење, кое е подобро за 73 отсто.
4. Xiaomi Black Shark (од 400 до 600 долари, зависно од меморијата)
Уште еден телефон за гејмери кој може да се пофали и со поддршка за Project Treble (наједноставниот, забрзан процес за ажурирање на андроид-уредите), а со оглед на тоа дека станува збор за Xiaomi, очекувајте многу за малку пари.
5. Asus ROG Phone (околу 1.000 долари)
Пред да помислите дека креаторите на велосипеди се преселиле на мобилни телефони, треба да знаете дека станува збор за серијата лаптопи на Asus на ROG (Republic of Gamers) кои сега ќе имаат и мобилна верзија на квалитетен гејмерски телефон. Ова е моќен телефон, а ако барате нешто како Nintendo Switch, а не сакате Switch, размислете за ROG Phone.
Извор: Index.hr