Јапонскиот премиум производител Lexus најави дека би можел да влезе во сегментот EV преку својот бренд F
Претседателот на компанијата Јошихиро Сава верува дека електрификацијата би му помогнала на брендот да биде поконкурентен ривал на BMW, Audi и Mercedes.
„F е многу важен и со него треба да се размислува на наш оригинален начин. Една опција е да биде чист F GT автомобил, односно хибрид со електричен мотор и моќна погонска единица, што би донело поинакво чувство во возење“, вели Сава.
„Нема да се држиме само до V8, V10 и твин-турбо моторите. Тие се важни, но гледаме кон иднината. Ние сме во потрага по начин за да се поврземе со следната ера. Ние сме во период на транзиција. Во моментов луѓето велат дека EV автомобилите се помодарство, но за три години, кој знае? Луѓето го сакаат звукот на моторот со внатрешно согорување. Мислам дека не може да се држиме само до една верзија кога е важно создавањето на емоции“, додава претседателот на Lexus.
Во меѓувреме, Lexus би можел да претстави целосно електрична верзија на подостапен модел, можеби некој помал UX SUV. Без оглед на одлуката на јапонскиот производител, Сава нагласува дека Lexus ќе остане верен на своите вредности и карактеристики.
„Ние ќе претставиме EV модел, но сеуште треба да одлучиме каков вид на EV би бил прифатлив. Мора да поседува чувство на луксуз, затоа што нашите клиенти тоа го очекуваат“, додава извршниот директор.
Несомнено е дека хибридните модели во брендот Lexus F би биле добра идеја, особено по одличните критики за Mercedes со следната генерација na C63 која ќе биде хибридна. Покрај тоа, I BMW најави хибридни модели со ознаката М во наредните години.