Обидот на шпанската морнарица да ја смести новата подморница доживеа дебакл бидејќи не ја собира на пристаништето предвидено за неа, пренесуваат шпанските медиуми. Подморницата „С-80“ е редизајнирана за да биде поправена грешката поради која не можела да плови на површината, па е продолжена за да се реши проблемот, пренесе Би-би-си.
Поради тоа, подморницата сега не може да ја собере во пристаништето во Картагена. Приспособувањето на подморницата речиси ги зголемило двојно трошоците и се проценува дека цената на подморницата „С-80 плус“ ќе изнесува околу една милијарда долари.
Првобитниот проблем на подморницата од 2013 година бил кога е откриено дека е потешка отколку што било предвидено, што предизвикало проблем за нејзино пловење бидејќи би можела да нурне, но, најверојатно, не би можела повторно да заплови. Според оригиналниот нацрт, пловилото требало да биде долго 71 метар, со притирок од 2.200 тони. Сега таа е долга 81 метар, со притисок од 3.000 тони.
Поради сето тоа, пристаништата во Картагена мора да бидат исушени и проширени за да може новата подморница да се собере.