Производителот на екрани LG Display, според потпишаниот договор, во текот на втората половина од оваа година ќе започне со испорака на своите OLED и LCD екрани на компанијата Apple, објави сајтот Digitimes повикувајќи се на свои извори од Јужна Кореја.
До крајот на оваа година LG Display би требало да испорача околу 3 до 4 милиони OLED и 20 милиони LCD панели за идните iPhone модели.
Јужнокорејската фабрика во текот на 2019-та година би требало да ги покрие повеќето нарачки за OLED панели за 6,5-инчниот iPhone, поради што се очекува LG Display следната година да испорача OLED екрани на 10 милиони уреди.
Испораката на Apple би требало да ја подобри финансиската ситуација во LG Display, која во првиот квартал од 2018. забележа нето загуба во износ од 87,04 милиони долари, додека за вториот квартал се проценува дека загубата би можела да биде и поголема.
Извор: B92.net