Британец кој учествуваше во спасувачката мисија на децата заглавени во пештерата во Тајланд најави дека ќе го тужи милијардерот Елон Маск поради навреда.
Вернон Ансворт вели дека е згрозен од милијардерот кој го нарече педофил и додаде дека тоа се зборови на навреда за секој кој учествувал во спасувачката мисија.
„Верувам дека ме нарече педофил. Мислам дека луѓето сега ќе сфатат каков е тој. Размислувам да поднесам пријава, ништо не е готово“, вели Ансворт (63).
Целата драма почна со подморницата што милијардерот ја понуди за извлекување на децата од пештерата, а за која повеќето стручњаци рекоа дека е неупотреблива во тие услови.
„Тој немаше увид во тоа каква е пештерата“, вели Ансворт.
Потоа Маск реагираше на Твитер, каде напиша дека подморницата е тестирана и дека нема сомнеж дека може да се употреби.
„Извини педофилу, си го бараше“, напиша Маск, па го избриша твитот.