Вакцинацијата против коронавирусот ја враќа надежта, но претпазливоста и понатаму е потребна.

Иако многумина претпоставуваат дека вакцината против коронавирусот веднаш ќе отвори нови можности и ќе овозможи попуштање на мерките за претпазливост, тоа сепак не е така.

Здравствените експерти предупредија дека луѓето кои што ќе ја примат вакцината и понатаму треба да се придржуваат до заштитните мерки – носење заштитни маски, често миење на рацете со топла вода и сапун, одржување на физичка дистанца, но има и такви луѓе кои што не сакаат воопшто да се вакцинираат.

Но, доколку одлучите да се вакцинирате и истото тоа го направиле и вашите приајтели, вие сте во мала предност во споредба со останатите кои што не го направиле тоа, порачуваат експертите од Центарот за контрола и превенција на болести во Америка.

Можете да се гледате со други луѓе кои што како и вас, ја примиле вакцината против коронавирусот.

Докторката Кавита Пател која што работела во администрацијата кај Барак Обама, за „CNBC“ изјавила дека луѓето кои што се вакцинирани можат да си дозволат „дружења со други имунизирани луѓе“.

Безбедните собири наскоро ќе станат вообичаени доколку поголемиот дел од популацијата се вакцинира. Пател најавила дека во тој случај тоа би станало многу често:

„Тоа е нешто за што би можеле да се радуваме затоа што речиси една година одложуваме да се видиме со стари пријатели, родители, роднини кои што се во ризична категорија луѓе“.

Ентони Фаучи, водечкиот американски епидемиолог, неодамна изјави дека се очекува до април „сезоната да биде отворена“ за вакцинација, односно дека голем број од луѓето ќе ја примат заштитата од ковид-19. Доколку претпоставката на Фаучи се оствари, Пател верува декадо лето ќе можеме да се гледаме со повеќе луѓе.

Доктор Фаучи потсетува дека и натаму мора да се чуваме. Тој предупредил дека, доколку еден дел од населението не е имунизиран и понатаму сите треба да се придржуваме до заштитните мерки.