Доколку ви се случува да ве „пецка“ струја кога ќе допрете некој предмет, не сте единствени. Всушност, оваа појава се забележува повеќе во зима.
Пецкањето на струја се појавува поради статичкиот електрицитет, односно собирањето на електричен напон на површината на предметите, односно кога електроните се движат од една на друга површина преку контакт. Доколку двете површини се изолатори, тие ќе создадат електричен напон.
Во нашата околина постојат многу изолатори како што се ѓоновите на патиките и кондурите, теписите, волнените џемпери и памучни чорапи.
Кога се движиме по тепихот, нашето тело создава напон кој не може да се ослободи бидејќи носиме чевли кои се изолатор. Но затоа кога ќе допреме метал, чувствуваме дека не пецка струја.