Ова истражување било спроведено уште во месец мај и тоа на над 120.000 доброволци ширум Обединетото Кралство.

Новото истражување кое што било спроведено меѓу пациентите заразени со коронавирусот, открило кој е најчестиот симптом на коронавирус.

Како што велат научниците, според истражувањето кое што го спровеле, станува збор за – главоболка.

Имено, тие велат дека нивното истражување покажало дека 62 отсто од луѓето кои што се тестирале на коронавирусот и кои што биле позитивни имале главоболка.

Ова истражување било спроведено во Империал колеџот во Лондон.

Според резултатите на тоа истражување на првото место на листата на симптоми се наоѓа главоболката, овој симптом го следат губењето на сетилото за вкус и мирис.

Како што велат научниците, овие симптоми се почести и од сувата кашлица.

Според научниците, на третото место на најчести симптоми кај коронавирусот е дијареа.

Од официјалната страница „NHS“ велат дека еден од пет пациенти кои што пријавиле симптоми на коронавирус имале температура, додека пак 23 отсто од нив имале сува кашлица.

Лидерот на тоа истражување, Марио Фалки, вели дека иако коронавирусот првенствено влијае на респираторните органи, исто така влијае и на кожата.