HTC ќе отпушти околу една четвртина од вработените во светски рамки, во обид да го подобри управувањето со ресурсите на компанијата во услови на континуиран пад на продажбата.
Кратењето на 1.500 работни места главно ќе влијае на производствените капацитети во Тајван, каде што се наоѓа и седиштето на HTC.
Во моментов, HTC има 6.450 вработени низ целиот свет, а новите мерки се пријавени како оптимизација на производството.
Отпуштањата ќе бидат извршени етапно до септември, а според раководството на компанијата тоа е дел од поголем план за обединување на бизнисите со смартфони и VR производи под заедничка капа во секој регион.