Жителите на Холандија што одат на работа со велосипед набргу можеби ќе добијат надоместок за нивниот напор во желбата на земјата да се избори со метежот на патиштата, пренесува „Франс прес“.
„Да излеземе од нашите автомобили и да се префрлиме на велосипеди“, изјави заменик-министерот за инфраструктура на Холандија, Стенте ван Велдховен, кој оваа недела најави нови мерки, со кои, како што рече, сака да стимулира уште повеќе граѓани од четири да се префрлат на две тркала.
ој вели дека целта на државата е уште најмалку 200.000 луѓе од автомобил да се префрлат на велосипед. Надлежните сакаат да го постигнат ова со давање паричен надоместок на луѓето што ќе одат на работа со велосипед, а Ван Велдховен предложил сума од 19 центи за километар. Тој е сигурен дека оваа мерка ќе биде усвоена.
„Велосипедите играат важна улога кога станува збор за достапноста, квалитетот на животот и здравјето“, рекол Ван Велдховен.