Apple ќе воведе нова функција што ќе им овозможи на оние што користат iPhone, да го отклучат својот дом или автомобил, со помош на телефонот. Како што пишува порталот Engadget, тоа ќе биде изводливо благодарение на NFC чип (за „комуникација од непосредна близина“) којшто се употребува и за извршување на Apple Pay.

Експерименталната фаза на новиот NFC чип се очекува да почне наредниот месец. NFC чиповите се користат и за електронско плаќање, сигурносна проверка на идентитетот, па дури и во здравствените услуги.