Ново истражување во Норвешка покажало дека нивото на интелегенција кај младите луѓе се повеќе се намалува.
Во изминатите 90 години интелигенцијата кај младите рамномерно се зголемувала во просек три поени по генерација, и тој феномен е наречен Флин ефект. Но, на тоа изгледа му е дојден крајот.
Научниците Оле Рогербург и Бернт Братсберг од Центарот за економски истражувања Рагнар Фриш, направиле ново истражување во кое анализирале резултати на повеќе од 730 илјади мажи. Споредувајќи резултати на мажите и нивни татковци кога биле во исти години, заклучиле дека мажите во однос на нивните татковци имале понизок коефициент на интелегенција.
Се наведува дека една од можните причини за намален коефициент на интелегенција е тоа што младите се повеќе користат технологија наместо да читаат книги.
Истражувањето ги донело до заклучок дека често конзумирање риба и доволно сон подобрува интелегенција. Пред спроведувањето на тестот, 500 деца биле испрашани колку пати месечно конзумираат риба. Децата кои конзумирале риба еднаш неделно имале пет бодови повеќе во однос на оние деца кои риба конзумирале ретко или речиси никогаш.