Компанијата Vivo го претстави својот нов флегшип смартфон наречен Nex, за кој тврди дека ги исполнува соништата за паметен телефон со екран без рамки.
Кинеската компанија Vivo го претстави својот нов предводник паметен телефон кој се нарекува Nex и е базиран на импресивниот концептуален модел Apex кој го видовме во февруари на Мобилниот конгрес во Барселона. Уредот нуди 6.59-инчен OLED дисплеј со резолуција 1080p кој не е исечен и зазема 91.24% од предната страна на панелот, но под него сепак има малку поширока рамка. Интересно е дека звучникот е заменет со технологија, која изведуа звук директно од екранот.
Nex има и вграден сензор за отпечатоци во екранот, но за разлика од Apex, распознавањето се случува само во мала област во долниот дел. Смартфонот нуди чипсет Snapdragon 845, 8GB RAM, 256GB вградена меморија и батерија со капацитет 4000mAh, но компанијата ќе објави и поевтин модел со Snapdragon 710, 6GB RAM и 128GB меморија, кој има обичен сензор за отпечатоци на задниот дел. За фотографите има двојна главна камера со 12МР (f /1.8) и 5МР (f /2.4) сензори, а селфи фотките се доверени на 8МР (f /2.0) камера, која е скриена во куќиштето и се „вади“ по потреба.
Vivo Nex има приклучок за слушалки и тежи 199 грама со дебелина на куќиштето од 7.98 мм. Импресивниот смартфон ќе се продава засега само во Кина по цена од 4998 јуани (662 евра) за максималната модификација. За 4.498 јуани (596 евра) ќе може да се земе модел со половина вградена меморија, а најевтина верзија со Snapdragon 710 ќе биде по цена 3.898 јуани (517 евра).