Facebook објави дека за да го прослави Светското првенство во фудбал, ќе додаде нова содржина во апликацијата Messenger, како на Android така и на iOS платформата. Новите функции ќе бидат достапни со следното ажурирање кое наскоро ќе се појави на App Store и Google Play Store.
Facebook Messenger ќе добие игри со тематиката од Мундијалот, како и филтри кои ќе можат да се користат во разговорите. Еден ден пред почетокот на турнирот, фудбалските фанови ќе забележат и анимирани пораки кои се прикажуваат на нивниот Facebook News Feed, а ги повикуваат да ја поделат својата навивачка страст преку профилната рамка на нивниот омилен тим, кој е присутен на Светското првенство.
Покрај ова, ќе бидат додадени нови анимации, а кои можат да се користат за да се бодри омилениот тим покрај селектрираните фрази во News Feed. Поголем дел од овие анимации ќе бидат овозможени автоматски преку објави или коментари со помош на коректна фраза.
Facebook и Messenger Camera апликациите ќе овозможат да се користат ефекти со тематика од Светското првенство, како и AR ефекти. Корисниците ќе можат да пронајдат и стикери на фудбалерите присутни на Мундијалот, а наскоро ќе можат да играат игри со пријателите на Messenger.