Instagram потврди дека корисниците повеќе нема да може да видат ако некој направи „screenshot“ од нивната стори објава.

Претходно оваа година, Instagram предизвика паника меѓу корисниците откако започна да се тестира функцијата која им покажува на корисниците кога некој со снима нивното стори.

Кога корисник за првпат ќе се обиде да направи „screenshot“ од стори на некој следбеник добивал предупредување „Следен пат кога ќе ја снимате приказната, личноста која ја поставила тоа ќе може да го види.“

Во некои моменти, дел од корисниците веќе не ни добивале предупредување.

Сега компанијата одлучи да ја промени оваа функција, а на многумина нема да им биде мило да слушнат дека веќе нема да може да гледаат кој од нивните следбеници направил „screenshot“ од некоја нивна фотографија или видео. Сепак има и такви кои се радуваат дека нема да бидат откриени.

Една од најпопуларните социјални мрежи, Instagram воведува една наизглед мала, но значајна и за многумина корисници помалку загрижувачка новост.

Имено, во иднина сите фотографии кои се обработени во Фотошоп ќе бидат означени со воден печат. Така, секоја фотографија која ќе помине низ мноштво филтери ќе биде обележана како таква.

Со ова би можело да се загрозат кариерите на многу блогерки, старлети, па дури и познати ѕвезди.

Меѓутоа, постои доволно добра причина за ова. Имено, популарната социјална мрежа Instagram се одлучи за оваа мерка по предлог на експертите од здравствената организација “Royal Society for Public Health”, која неодамна оцениле дека “идеализирањето на фотографиите на јавните личности” има катастрофални последици врз самодовербата и самопочитта кај адолесцентите.