Pilatusbahn се смета за најстрмната железничка пруга во светот. Целиот пат од Алпенштад до врвот на планината Пилатус се минува за половина час, но за време на патувањето има и неколку застанувања.
Најопасниот дел од железничката пруга е кон крајот на патувањето, кога возот влегува во тунелите, а туристите се грчат во своите седишта. Ако се прашувате зошто, тогаш подобро погледнете ги фотографиите.
Пилатус е планински венец на Швајцарските Алпи, едно од оние места каде што “мора да се оди”. Постојат три начини да се стигне до врвот на планината: со железница (од Алпенштад), со жичарница (од Криенс) или пеш. Секој од начините нуди незаборавно патување.
Pilatusbahn е старата железница, отворена во 1889 година, а во 1937 година беше електрифицирана.