Компанијата за онлајн плаќање на кинескиот милијардер Џек Ма објави прилив на значителни инвестиции.
„Ant Financial“ во соопштението дека собрала 14 милијарди долари од кинески и странски инвеститори.
Средствата ќе бидат искористени за развој на нови технологии и распоредување на меѓународните пазари, пренесува „CNN“.
Познат преку својата платформа за плаќање „Alipay“, „Ant Financial“ се натпреварува на кинескиот пазар со апликацијата „WeChat Pay“ на другиот локален гигант „Tencent“.
Кинеските потрошувачи масовно се потпираат на технологијата за мобилно плаќање, без разлика што купуваат – од храна на улицата до техника од специјализирани продавници.
Од „Ant Financial“ не посочуваат до каква оценка достигна компанијата како резултат на приватните инвестиции во неа, но според стари извештаи, нејзината оценка достигнува до околу 150 милијарди долари, што е повеќе од пазарната капитализација на финансиска институција, како „Goldman Sachs“.
Се очекува во наредните години „Ant Financial“ да преземе „IPO“ и да стане јавна компанија.
„Alibaba“ – другиот голем бизнис на Џек Ма, постигна пазарна капитализација во износ од 168 милијарди долари, откако нејзините акции се појавија на берзата во Њујорк во 2014-та година.
Меѓу инвеститорите кои учествувале во последниот круг за собирање на вложувања од страна на „Ant Financial“ се забележани големи играчи, како американската „Carlyle Group“ и сингапурските државни инвестициски фондови „GIC“ и „Temasek“.
Компанијата работи во насока експанзија на бизнисот со порамнувања и на странските пазари.
Во периодот меѓу март 2017-та и март 2018-та година, „Alipay“ објави 870 милиони активни корисници ширум светот, со добивка од 65% во последната финансиска година.
Она што досега го промаши кинескиот гигант е ефективното пробивање на американскиот пазар.
„Ant Financial“ не успеа да се стекне со „MoneyGram“, откако американските власти не дадоа „зелено светло“ за договорот. Причината беше дека кинеската влада на тој начин ќе добие пристап до американските финансиски пазари.
Компанијата на Џек Ма потоа одговори дека „не е во сопственост на кинеската влада, ниту е контролирана од неа“.