Серијата паметни телефони Redmi од Xiaomi e меѓу најпопуларните во сегментот на нискобуџетни, па затоа фановите на овој кинески производител со нетрпение го чекаат секој нов модел. Компанијата деновиве, конечно, го објави датумот на претставувањето на новиот модел Redmi 6.
Според проверени информации од кинески извори, датумот на презентација на Redmi 6 е 12 јуни. На овој настан, еден од моделите на линијата Redmi 6 ќе биде сигурно преставен, но не е исклучена опцијата да видиме уште некој модел како Redmi 6A и Redmi 6 Pro / Plus.
Да потсетиме дека претходно беа откриени карактеристиките на Redmi 6 (Pro). Новиот Redmi модел ќе добие 5,84-инчен дисплеј со резолуција од 2280×1080 пиксели и сооднос од 19:9. Моделот ќе има осумјадрен процесор со фреквенција од 2.0 GHz. Во зависност од модификацијата, корисниците ќе имаат опција за избор од 2 до 4 GB RAM меморија и 16-64 GB внатрешна меморија, соодветно. Redmi 6 ќе добие двојна камера со резолуција од 12 мегапиксели и капацитет на батерија од 3900 mAh.