Во 2011 година, вселенското летало Juno го започна своето патување кон Јупитер. Во 2016-та, леталото стигна до својата цел каде што до февруари оваа година кружеше во висока орбита околу најголемата планета во нашиот сончев систем изведувајќи голем број на експерименти кои разјаснија многу мистерии околу овој гасовит џин.

Но, сега NASA одобри нови финансии со кои ќе може да продолжи да го користи леталото до 2022ра година.

Juno првично беше дизајниран како летало со краток животен век кое беше планирано да прави целосна орбита околу Јупитер на секои 14 дена.

Но, заради дефект во вентилите за гориво леталото заглави на 53 дневна орбита заради која и му се зголеми времето потребно да ги собере сите податоци кои што ги планираше NASA. На тој начин, мисијата на Juno сепак ќе биде успешно завршена.

Во последните две години Juno ни откри дека на половите на Јупитер беснеат огромни бури кои што се со големина на Земјата како и други научни факти кои ќе се анализираат во наредните 10 години.