Се појавија информации дека дизајнот на Samsung Galaxy Note 9 во најголем дел ќе остане непроменет во однос на Note 8, а главната причина за тоа е што јужнокорејската компанија сака да ги намали трошоците на производство. Сега се појавија неколку CAD рендери, кои го прикажуваат Note 9 дизајнот и ја потврдуваат оваа теорија.
Гледајќи ја предната страна, Galaxy Note 9 дефинитивно изгледа исто како и Note 8, но ова не претставува изненадување, со оглед на тоа дека истата ситуација беше и со Galaxy S9 i S9+ моделите во споредба со своите претходници.
На задната страна, Galaxy Note 9 има подобро сместен сензор за отпечаток на прстот, но сега се наоѓа под хоризонтално поставениот систем до две камери, а и натаму има прилично мали димензии. Се сугерира дека телефонот дефинитвно нема да има сензор за отисоци сместен во екранот.
Note 9 би требало да има димензии 161,9 x 76,3 x 8,8 милиметри, што значи дека е нешто пократок, поширок и подебел од Note 8. Големината на екранот би требало да биде идентична и ќе изнесува 6,3-инчи.
Добра вест е дека дополнителната дебелина на телефонот сугерира и поголема батерија, со капацитет 3850 mAh, што би било значително зголемување во однос на 3300 mAh од Note 8. Системот со камери веројатно ќе биде идентичен на оној од S9+ моделот, а ова се однесува и на RAM опциите.
Поврзани артикли