Многумина преферираат мали компактни телефони, а ако се исклучително издржливи, тоа е секако бонус. Еден од таквите смартфони е Unihertz Atom.
Atom е мал, засилен смартфон кој поддржува 4G мрежа, поседува 2,45-инчен екран со резолуција 240×432 пиксели и го користи оперативниот систем Android 8.1 Oreo. Се појави на сервисот Kickstarter во мај минатата година каде што собира парични средства, а веќе се собрани десет пати повече пари од првобитната цел.
Смартфонот има 4 GB RAM, задна камера од 16 и предна од 8 мегапиксели, FM радио, NFC можности за мобилно плаќање, USB Type-C порт за полнење на батеријата, сензор за отпечаток на прстот сместен напред, а тука е и стандардниот 3,5 милиметарски влез за слушалки. Телефонот поседува странично копче кое може да се програмоира за стартување на апликации по желба, а отпорен е на вода и прав по стандардот IP68. Цената на Unihertz Atom изнесува 300 долари.
Многу сметаат дека овој смартфон е квалитетен и убаво дизајнира и дека може да послужи како втор телефон кога ќе тргнете на трчање, риболов, возење велосипед, планинарење или кога работите на отворено.