Lenovo ја почна оваа недела со промоција на уште два паметни телефони. Особено интересна излезе ажурираната верзија K5 Note со голем 6-инчен дисплеј и A5 со батерија од 4000 mAh. Двата уреди добија екран со сооднос од 18: 9 и прифатлива цена.
Lenovo K5 Note (2018) доби 6-инчен екран со резолуција 1440х720 пиксели, Snapdragon 450 процесор со фреквенција од 1,8 GHz, 3/4 GB RAM, со внатрешна меморија од 32/64 GB. Капацитетот на вградената батерија е 3760 mAh. Овој паметен телефон е опремен со два слота за СИМ-картички и скенер за отпечатоци и работи со Android Oreo.

Вториот Lenovo паметен телефон промовиран оваа недела, Lenovo А5 е опремен со 5,45-инчен екран со HD+ резолуција (1440х720) и четиријадрен процесор MediaTek MT6739. Другите карактеристики вклучуваат 3 GB RAM меморија, внатрешна меморија од 16 или 32 GB, microSD поддршка, 13-мегапикселна и 8- мегапикселна камера со батерија од 4000 mAh и оперативен систем Android 8.1 Оreo.
Продажбата на двата модели почнува на 12 јуни и се очекува истите да се продаваат по цена од 93 до 156 долари, во зависност од големината на внатрешната и RAM меморијата.
Поврзани артикли
