Дел од најпознатите инсајдери во светот на мобилната телефонија, Роланд Квандт, излезе со информација дека Google се подготвува на пазарот да исфрли прилично евтин модел од својата палета на Pixel смартфони.
Според информацијата, покрај водечките Pixel 3 и Pixel 3 XL, интернет гигантот се подготвува да исфрли на пазарот друг уред со многу поприфатлива цена.
Развојот на уредот започна пред околу еден месец. Засега се знае само дека новиот смартфон ќе биде изграден врз основа на неодамна објавената мобилна платформа Qualcomm Snapdragon 710 со осумјадрен процесор. Овој многу поевтин телефон во споредба со досегашните верзии на Google Pixel ќе биде објавен кон средината на 2019 година.