Според најновите информации, Galaxy Note 9 ќе биде претставен на 9. август. Тоа е две недели порано од датумот на кој минатата година излезе Galaxy Note 8.
Пуштањето на предводникот по продавниците пак треба да се случи на крајот на август. Досегашните шпекулации зборуваа за претходна премиера на моделот со цел Samsung да ги претекне овогодинешните iPhone модели.
Премиерата на Galaxy Note 9 ќе се случи традиционално на „Unpacked“ настан во Њујорк. Очекуваме подобрена двојна задна камера, најверојатно со два 12 МР сензори, каква што има Galaxy S9 +.
Американската и кинеската верзија на Galaxy Note 9 ќе работи на Snapdragon 845, додека за останатите региони е предвидена верзија со Exynos 9810.
Екранот ќе биде Super AMOLED од 6.4 инчи со резолуција 2960х1440 пиксели, Infinity Display и сооднос 18,5:9.
Оперативната меморија е 6 GB RAM, а 128 GB е вградениот простор за складирање.
Датумот 9-ти август не е потврден од Samsung, но спокојно може да го внесете во вашиот календар – едноставно користете молив, во случај да има промена.