Ако сте љубител на гејмингот, веројатно сте забележале дека без разлика колку скапи слушалки имате секогаш почнуваат да се загреваат по долга употреба. Ова може да е прилично непријатно, особено ако со часови се забавувате со вашите омилени наслови во жешкиот летен период. НР тврдат дека нашол ефикасно решение на проблемот со премиерата на својот нов модел, кој се нарекува НР Мindframe. Компанијата, исто така, тврди дека аудио слушалките ќе се ладни, дури и ако играте цело време на нив.
Интересно, за постигнувањето на овој ефект не се користат вентилатори, кои ќе ја намалуваат во реално време температурата. Наместо тоа, НР Мindframe се базирани на уникатна технологија за термо-ладење, информира Engadget. Во внатрешноста на секоја од двете слушалки е разположен термоелектричен уред кој ја „голта“ топлината од акустичната камера и ја пренасочува кон надвор. На овој начин уредот е во можност постојано да одржува оптимална температура без разлика колку долго го користите.
Посебен механизам ви овозможува полесно да ги ставите и да ги користите во неколку различни режими без тоа да ја оптоварува главата. HP Mindframe исто така е опремен со вграден микрофон кој го исклучува опкружувачкиот звук. Максималниот квалитет на звукот е загарантиран со поддршка за технологиите DTS Headphone:X и 7.1 виртуелен каналски звук. HP соопшти дека дополнително ќе ја открие цената на иновативните слушалки, а продажбите се очекува да започнат во втората половина од годината.