“Facebook би требало да се регулира како индустријата на цигари”, “Премногу време на екранот делува како дигитален хероин на вашите деца”, “Зависноста од интернет влијае на мозокот на сличен начин како кокаинот”, само се некои од насловите кои во последните десетина дена се појавија во светските медиуми како Gardian, NBC и CBS News.

Во текот на месец мај Google претстави низа алатки кои на сопствениците на мобилни телефони би требало да им овозможат урамнотежен дигитален живот, со образложение дека 70 отсто од корисниците побарале помош во врска со регулирање на времето поминато на електронските уреди.

Групата Digital Wellness Warriors неодамна, исто така, упатила апел до компанијата Apple да примени слични мерки, и објавила серија алатки кои би можеле да придонесат за подобра ментална благосостојба на корисникот кога станува збор за технологија.

Компанијата одговорила дека нејзините можности по ова прашање се ограничени поради самата природа на нејзиниот оперативен систем, што значи дека корисниците на iOS ќе мораат барем уште одредено време да се стрпат за слична опција.

Во продавницата на Apple засега постојат низа апликации за подобро следење на времето поминато на телефон и на социјалните мрежи, но се чини дека еден начин засега се издвојува како најефикасен.

Станува збор за поставки на ајфон, со чија помош бојата на екранот може да се постави на монохромна варијанта.

Многу корисници рекле дека овој „трик“ им помогнал да се справат со зависноста, бидејќи црно-белиот екран бил „помалку привлечен и интересен“.

Доколку ни тоа не помогне, компанијата можеби би можела да го послуша „Њујорк тајмс“, кој на почетокот на годината објави статија со наслов „Време е Apple  да направи телефон што предизвикува помала зависност“.

Извор: B92.net