Интересни резултати ни доаѓаат од истражувањето за продажба на мобилни апликации, објавено од истражувачката компанија Morgan Stanley Research – посебно за двете најпопуларни онлајн продавници App Store и Google Play.

Според истражувањето, сопствениците на iPhone уреди трошат 10 пати повеќе средства за мобилни апликации од корисниците на Android смартфони. Просечно, Apple добивал по 5,08 долари од еден корисник на iPhone во првиот квартал, додека приходот за Google Play е 0,47 долари.

Статистиката исто така покажува дека за последните четири години приходите на Apple од App Store се зголемиле за 119 отсто, додека за истиот период продажбата во „Google Play“ се зголемила за 14 отсто како вредност.

Во првиот квартал од оваа година, едно преземање на апликација за iPhone од App Store му носи на Apple во просек 0,44 долари. Истата метрика за Google Play e 0,10 долари, според истражувањето на Morgan Stanley Research.