Signal воведува нови ограничувања за снимање на екранот за да ги спречи AI агентите да пристапуваат до размена на пораките на мобилни телефони.
Овие нови поставки ќе бидат овозможени по дифолт и ќе ги блокираат обидите за снимање на екранот, што ќе им отежни на AI системите да читаат пораки со визуелен пристап до содржината на апликацијата, објавува Ројтерс.
Кога Signal ќе открие обид за снимање на екранот или пристап до него преку AI асистент, ќе се појави известување за корисникот, нудејќи му можност за оневозможување на оваа заштита.
Оваа одлука доаѓа како одговор на растечката употреба на AI агенти – системи со вештачка интелигенција способни да гледаат содржина на екранот на корисникот, да собираат информации од различни апликации и самостојно да извршуваат задачи како што се одговарање на е-пошта, закажување состаноци или вршење онлајн купувања.
Во исто време, Signal предупреди дека растечката интеграција на вештачката интелигенција во уредите претставува сериозна закана за приватноста на корисниците.
Signal е особено загрижен што ваквите можности сè повеќе се вградуваат директно во оперативните системи, вклучувајќи ги и оние што ги напојуваат Siri и Gemini.
Signal користи E2EE шифрирање, што значи дека само учесниците во разговорот можат да ја прочитаат неговата содржина; сепак, AI агент со пристап до екранот би можел да направи слика од порака, да го препознае текстот и да го пренесе до своите системи.
Поврзани артикли
