Глобалниот менаџер за маркетинг на компанијата HMD Global, Нил Бродли потврди дека следната верзија на оперативниот систем на Google, Android ќе пристигне на сите мобилни уреди на Nokia.
Според тоа, Android P ќе го добијат сите модели од Nokia 1 до Nokia 8 Sirocco.
Тоа ги вклучува уредите како што се: Nokia 2, Nokia 3, Nokia 5, Nokia 6, Nokia 7, Nokia 8, потоа новите модели на Nokia X6, Nokia 2.1, Nokia 3.1 и Nokia 5.1.
Сите уреди на Nokia на кои се наоѓа Android One, значи Nokia 8 Sirocco, Nokia 7 Plus, Nokia 3.1, Nokia 5.1 и Nokia 6.1 доаѓаат со загарантирани двегодишни надградби.
Инаку, моделот Nokia 7 Plus е еден од малобројните мобилни уреди на Android на пазарот кој е компатибилен и со Android P Beta програмата.