Досега се забележани повеќе случаи во кои невнимателните сопственици на беспилотни летала, и покрај бројните предупредувања дека не смеат да користат дронови во близина на аеродром, премногу ги приближиле дроновите до авионите и можеле да предизвикаат голема трагедија. До ваква трагедија замалку ќе дојдеше на почетокот на оваа година во Велика Британија, кога борбен авион прелета пре(блиску) до полициско беспилотно летално, а информациите за овој инцидент објавени се дури во текот на оваа недела.
Според објавениот извештај, полицаецот кој управувал со дронот која се движел на околу 90 метри височина бил уверен дека ќе дојде до судир со борбениот авион F-15. Инцидентот се случил над селото Throwleigh – полицаецот истакна дека борбениот авион кој летал на иста височина како и дронот, наеднаш само се појавил и свртел надесно, летајќи во насока кон дронот.
Никој не е виновен
Кога го здогледал авионот, полицаецот почнал да го спушта дронот и за среќа не дојде до судир – авионот летал со брзина поголема од 830 км/ч, а по првиот авион, блиску до дронот прелета и втор F-15. Според полицијата никој не е виновен за овој инцидент, ниту пак од него можат да се научат некои лекции.
Сепак, откако замалку дојде до трагедија, во Велика Британија почнаа разговори за тоа дали треба во сервисите за следење на рутите на летање кои ги користат воените авиони да се имплементираат и информации од други извори, со цел воените авиони да имаат поцелосна слика на воздушниот сообраќај над Велика Британија и во иднина да се избегнат слични инциденти.