Се издвојува од толпата, тоа што се добива е соодветно на тоа што се претставува, нуди издржани информации. Тоа се дел од епитетите со кои се закити познатиот бренд за производство на мобилна технологија, Huawei, кој стана најпочитуван бренд во Кина.
Високата репутација брендот ја постигнал преку, како што се вели во новонаправена студија, преку силната емотивна врска што корисниците во Кина ја воспоставуваат со овој производител, којшто го сметаат за сопствен.
Huawei се издвојува над другите производители на мобилни уреди што се присутни на кинескиот пазар. Ова се гледа според студијата на Reputation Institute, во којашто се вели дека кинескиот гигант за мобилни уреди и мрежна технологија, го надминува и Apple кога се работи за транспарентност и отворена комуникација во односот со корисниците.
„Huawei во основа е бренд што со текот на времето гради силна емотивна поврзаност со корисниците“, вели Николас Џорџис, коосновач на Reputation Institute во изјава за магазинот The Drum.
Во однос на интернационалните и странските брендови, пак, што се присутни на кинескиот пазар на прво место е Intel. Тоа и не е изненадување со оглед дека компанијата опслужува голем дел од кинеските производители за електронски уреди.
Но, она што изненадува е што на второ место се наоѓа познатиот швајцарски произведувач на скапи часовници Rolex. Објаснувањето за ова е дека во Кина расте бројот на богати граѓани, кои можат да си дозволат некој од рачните часовници на Rolex.
Кај странските брендови изненадува i високиот пласман на производителот на познатите автомобилски гуми Michelin . Тој бренд се најде на високо четврто место во категоријата на странски компании. Објаснувањето за тоа, пак, е дека во Кина се зајакнува средната класа и пазарот за автомобили.
ИЗВОР: The Drum