Можат ли ноќните светла на Земјата снимени од сателитите во вселената да бидат показател за нееднаквоста во општеството во една држава?
Економистите Правин Чакраварти и Вивек Дехеи веруваат дека нееднаквоста може да се мери со користење такви снимки, објави Би-би-си. Чекраварти и Дехеи собирале фотографии направени од метеоролошката сателитска програма на американското воено воздухополвство. Овие сателити кружат околу Земјата 14 пати на ден и меѓудругото ги снимаат светлата на површината на Земјата во текот на ноќта.
Гледано од вселената, поголемиот дел од Индија е во мрак во текот на ноќта бидејќи има мала економска активност. Сепак, трагите на светлината што се гледаат од универзумот покажуваат дека постои растечка нееднаквост меѓу сојузните држави, како и внатре во нив.
Околу 380 провинции во 12 држави имале во просек по една петтина од светлината регистрирана во големите градови, Мумбај и Бангалор.
Исто така, 90 проценти од сите провинции во текот на ноќта имале само една третина од светлината од најосветлените 10 проценти од покраините. Ваквиот сооднос се влошил меѓу 1992 година, една година откако Индија ја усвоила економската реформа и 2013, покажале снимките.