Знаеме повеќе за површината на Месечината и Марс, отколку за она што се наоѓа во нашиот двор. Тоа сакаме да го исправиме во 21. век.

Користејќи податоци кои беа собрани со подземните дронови, трговските и рибарските бродови и преку истражувачитњ, нов научен проект планира до 2030 година да направи мапи од морското дно и да реши некои од најголемите тајни во светот. Станува збор за амбициозна иницијатива затоа што треба да се направи мапа од 190 милиони квадратни километри или 93% од светските мориња и океани на длабочина поголема од 200 метри.

Сатиндер Биндра е директор на проектот Seabed 2030 и вели дека во овој временски рок може да се направи нешто што ќе расветли многу светски феномени од тоа како настануваат цунами, миграцијата на рибите, состојбата со загадувањето, помошта при навигација на бродовите и скенирање на непознатите залихи на минерали.

„Во денешно време човекот знае повеќе за површината на Месечината или на Марс отколку за она што се наоѓа буквално до нас. Тоа сакаме да го поправиме во 21 век. Предолго време океаните ги третиравме како конечна граница“, истакна Биндра.

Проектот настана во соработка на јапонската филантропска организација Nippon и непрофитната организација на експерти GEBCO, кои веќе се вклучени во мапирање на морското дно. GEBCO дејствува во рамките на Меѓународната хидрографска организација и УНЕСКО.

Вредноста на проектот се проценува на околу 3 милијарди долари, а можни проблеми се геополитичката напнатост во некои од чувствителните води од светот, како што се Јужнокорејското Море, Аднескиот залив и Црвеното Море.

Извор: Zimo.hr