Инсајдерите „шпекулираат“ дека Samsung планира големо освежување за јануари, кога, покрај Galaxy S27, Galaxy S27+ и Galaxy S27 Ultra, треба да го претстави и сосема новиот Galaxy S27 Pro.
Според она што се зборува, Pro верзијата всушност ќе биде „помал Ultra“, но без S Pen пенкалото. Телефонот треба да има екран од 6,47 инчи, како и главната и ултрашироката камера идентична со оние на Ultra моделот (додека телефото камерата ќе се разликува).
Ако се прашувавте што да очекувате од капацитетот на батеријата, логично беше да претпоставите дека ќе биде помала отколку на Ultra поради неговите покомпактни димензии, објавува GSM Arena.
Сепак, отстранувањето на S Pen пенкалото ослободи сериозен простор во внатрешноста на куќиштето. Според новите гласини што доаѓаат од сигурен извор од X мрежата, Galaxy S27 Pro ќе има батерија од 5.000 mAh.
Иако ова е доста скромно според денешните стандарди за кинеските паметни телефони, ова е фантастична вест за Samsung – сегашниот Galaxy S26 Ultra има ист капацитет, а според сите извештаи, и неговиот наследник ќе го има.
Поврзани артикли
