Се сеќаваме дека Vivo својот Apex концепт телефон прв пат го прикажа во февруари на Мобилниот конгрес во Барселона, а корисниците уште оттогаш чекаат уредот да биде претворен во конкурентен смартфон што ќе може да се купи.
Судејќи според се, ова ќе се случи многу брзо. Vivo ќе одржи презентација во Шангај, која е закажана за 12. јуни, во текот на која ќе го престават Apex телефонот кој е подготвен за пазарот. Овој заклучок доаѓа врз основа на промо материјалите, кои компанијата им ги испрати на медиумитр. Материјалот јасно укажува на смартфон, кој изгледа како Apex концепт, заедно со перископ селфи камерата.
Покрај ова, самата компанија Vivo спомена во текот на MWC дека Apex се очекува во некој момент од средина на годината, па така има логика на 12. јуни да ја видиме официјалната објава на телефонот.
Apex концептот го карактеризираат рамки од страните со дебелина од само 1,8 милиметри, како и долна рамка од 4,3 милимтери. Екранот е со големина 5.99 инчи, со Full HD+ OLED панел, во кој е сместен и сензор за отисок на прстот.