Компанијата Lego претстави нова линија на коцкички под името Powered Up, како и првиот сет во серијата, Бетмобил со кој се управува со помош на апликација.
Lego и порано имаше слични играчки, а последен беше Boost сетот, кој им овозможуваше на децата да направат различни модели и да ги програмираат и да управуваат со нив со помош на апликацијата. Една од нив е и мачката која свиреше на хармоника.
Новата Powered Up линија ќе се состои од неколку производи кои варираат во комплексноста наместо еден се кој може да се користи за правење на различните модели. Некои сетови би можеле да користат само батерии за движење, додека другите би требало да имаат и можност за управување со помош на апликација или далечински управувач. Некои од овие функции ќе бидат дел од сетот, додека купувачите ќе можат посебно да купат дополнителни компоненти за да ги унапредат своите модели.
Со новиот Бетмобил може да се управува со помош на двата веќе направени интерфејси преку соодветната Powered Up апликација за уредите со оперативни системи iOS и Android или преку далечински управувач кој корисниците го прилагодуваат на слајдерите и копчињата. Новиот интерфејс за програмирање ќе се појави подоцна оваа година, така што децата ќе можат да ја програмираат брзината, правецот, звукот и траењето за да смисли нови трикови и движења.