Ако Tesla сака Model 3 да доживее успех и компанијата да стане масивен произведувач на автомобили, Елон Маск би можел да научи неколку лекции од искусниот германски произведувач на автомобили BMW.
Додека „заштитниот знак“ на електричниот сегмент во електронската автомобилска индустрија се мачи со доцнење на производството и огромни финансиски загуби, BMW се подготвува за голема електрична офанзива во наредните неколку години.
Како клуч за успех на својот амбициозен план BMW гледа во човечката работна сила, а не во автоматизацијата на процесот на производство, како што тоа го прават вработените во Tesla и нивниот директор Елон Маск.
„Производство на автомобили во циклус од 60 секунди – тоа е одлучувачки фактор. Потполна автоматизација на процесот на производство не е наша цел, бидејќи човечкото суштество со своите единствени особини е непобедливо флексибилно“, изјави директорот на производната мрежа на BMW, Оливер Ципзе.
Успешното производство на Model 3, првиот електричен автомобил со „пристапна“ цена (околу 30.000 евра), дополнително го отежна ширењето на пазарот на електрични автомобили во пониските класи.
„Можеби постојат повеќе слободни места во горниот сегмент на автомобили кои се со вредност поголема од 100.000 евра, но штом ќе влезете на пазар во сегмент со величини како што се Серија 3 или дури Серија 5, контролирањето на трошоците е поважно од било што друго. Не смеете да си дозволите неефикасност“, истакнува Ципзе.
BMW планира да претстави 12 електрифицирани модели до 2025 година, почнувајќи од првиот потполно електричен автомобил веќе следната година.
Ципзе истакнува дека за еден произведувач е најважна флексибилноста, за целото производство да резултира со профит.
„Не знаеме како ќе се развива побарувачката за електричните автомобили, па флексибилноста е клучен фактор. Побарувачката за електричните возила во иднина не е егзактна наука“, заклучи директорот на BMW.
Извор: B92.net
Поврзани артикли