Најмоќниот европски суперкомпјутер, Јупитер, беше претставен неодамна во Германија, во научно-истражувачки центар во западногерманскиот град Јилих.
Компјутерот, наречен Јупитер, може да изврши еден квинтилион (18 нули) пресметки во секунда, објави DW, што е споредливо со речиси милион паметни телефони.
Системот од 500 милиони евра, заеднички финансиран од Германија и Европската Унија, е сместен во Центарот за суперкомпјутери Јилих и е напојуван од 24.000 чипови на Nvidia.
„Јупитер ќе биде најнапредниот и најразновиден систем со квинтилионски капацитет во светот за високопрецизни симулации и обука на најголемите модели на вештачка интелигенција“, изјави Томас Липерт, раководител на центарот Јилих.
Истражувачите се надеваат дека Јупитер ќе ѝ помогне на Европа да го намали јазот во вештачката интелигенција, каде што заостанува зад САД и Кина. Системот, исто така, ќе поддржува долгорочни климатски прогнози, симулации на мозокот и енергетски иновации.
Јупитер е четвртиот најмоќен суперкомпјутер во светот. Првите три се во САД и се способни да извршат повеќе од илјада квадрилиони пресметки во секунда.
Поврзани артикли