Компанијата Samsung веќе неколку години зборува за претстојниот смартфон со екран на преклоп, а сега откри дека работи на флексибилен дисплеј кој е наменет за лаптоп компјутерите.

“Samsung соработува со производителите на екрани со цел развој на лаптопи со флексибилни екрани, кои не само што ќе можат да се склопуваат, туку ќе овозможат и ново корисничко искуство”, рече Lee Min-cheol, потпретседател на маркетинг за PC во Samsung.

Lee ова го изјави при претставувањето на новите лаптопи на Samsung во Сеул, Јужна Кореја. Додаде декa компанијата моментно работи на голем AMOLED екран за лаптопи. Компанијата е лидер во светот кога се работи за производство на OLED екрани, а претходно го претстави и нескршливиот флексибилен OLED екран.

Јужнокорејскиот гигант оваа година го претстави Notebook 9 Pen, 2-во-1 хибрид на лаптоп и таблет кој е ривал на Microsoft Surface.

Детали за новиот лаптоп нема, но сите се надеваат дека на него нема да чекаме со години, како што е случај со флексибилниот смартфон, уред кој конечно ќе го видиме следната година.