Се појавуваа непотврдени извештаи за тоа дека Huawei планира да претстави нови премиум Kirin чипсети на почетокот на сепрември. Сега компанијата објави дека ќе учествува на IFA саемот, каде би можеле да дебитираат новите чипови.

Huawei не објави официјална листа на производи кои ќе ги претстави во текот на IFA саемот, но судејќи според постерот можат да се очекуваат телефони, паметни часовници, телевизори…

Најголемото прашање е дали во текот на овој настан ќе ја видиме целосна објава на Huawei Mate 40 серијата или можеби не очекува некоја најава/тизер за овие модели. Се очекува дека новата Mate линија ќе имплементира нови чипсети и ова би можеле да бидат последните премиум телефони со Kirin чипови. На TSMC му е забрането да произведува чипови за HiSilicon од средината на септември.

Главната презентација на Huawei во текот на IFA саемот е закажана за 3. септември, а ќе се фокусира на „Визијата на Huawei за едноставен AI живот“.