Смартфоните на Xiaomi можат да се натпреваруваат со другите популарни уреди на останатите светски производители во поглед на моќта, брзината, дизајнот и цената, но кога станува збор за квалитетот на камерите, кинеските гаџети честопати не успеваат да стигнат до моделите на најголемите брендови. Наскоро и ова може да се промени.
Извршниот директор на Xiaomi, Леи Цјун објави дека тие се на пат да ги подобрат камерите во следните генерации на нивните паметни телефони. Како што вели извршниот директор на кинескиот бренд, тој испратил писмо до вработените, во кое ја најавил потребата да се создаде нова единица. Неговата задача ќе биде да се подобри квалитетот на истражувањето.
Компанијата е подготвена да инвестира огромна сума средства за да се добијат потребните ресурси за подобрување на квалитеот на камерите во смартфоните на Xiaomi. Според Цјун, Xiaomi треба да продолжат да акумулираат технологија за своите паметни телефони, кои наскоро ќе станат едни од најдобрите во светот во однос на камерата. Тој е убеден дека компанијата може да ја постигне оваа цел.