Независното студио Romero Games, основано и предводено од ветеранот Џон Ромеро, престанува да постои.

Студиото, кое вработуваше 42 лица во Ирска и вкупно околу 100 луѓе низ целиот свет преку remote работните места, беше принудено да ги затвори своите врати откако Microsoft/Xbox објавија големи мерки за намалување на трошоците претходно преку отпуштања и откажувања на игри.

Иако Romero Games не беше директно во сопственост на Microsoft, нивниот тековен проект зависеше од буџетот на издавачот Bethesda, кој е во сопственост на Microsoft.

Откако се прошири веста дека Bethesda го прекинува финансирањето за следната игра на Romero, студиото објави дека е трајно затворено. Еден поранешен вработен во студиото, зборувајќи анонимно, рече дека сите биле шокирани од овој развој на настаните, бидејќи немало индикации дека ова ќе се случи.

Покрај тоа, само еден ден пред да дојде наредбата за задржување на понатамошното финансирање од Microsoft, тие имаа формален состанок со Bethesda во врска со заеднички проект.

Romero Games веќе некое време подготвува пукачка игра од прво лице направена во Unreal Engine 5. Пред тоа, тимот го лансираше стратешко-тактичкиот наслов Empire of Sin и учествуваше во развојот на дополнителни нивоа за колекцијата Doom + Doom II.