Nothing ги претставува своите први over-ear слушалки Headphone (1).
Дизајнирани во соработка со британскиот аудио бренд KEF, слушалките имаат динамички драјвери од 40 мм, адаптивно поништување на бучава со вештачка интелигенција и транспарентна, ретро-футуристичка естетика што потсетува на касетофони.
Слушалките се обликувани во squircle геометрија и вклучуваат тактилни контроли за репродукција и јачина на звук. Сето ова е надополнето со до 80 часа траење на батеријата без ANC и поддршка за Google Fast Pair и Microsoft Swift Pair.
Слушалките тежат 329 грама и имаат сертификат за отпорност на прашина и вода IP52, според производителот.
Тие се поврзуваат преку Bluetooth 5.3 технологија, а на самото куќиште има физички контроли за јачина на звук, менување песни и уште едно копче кое може да има неколку функции во зависност од тоа што ви треба.
Конечно, да кажеме дека слушалките имаат и 3,5 мм приклучок, што е посебен подарок и речиси реткост денес. Цената за Nothing Headphone (1) ќе биде 320 евра.
Поврзани артикли