Facebook податоци на повеќе од три милиони корисници кои го поминале квизот кој собира лични информации за вас, „MyPersonality“, се објавени на лошо заштитена веб страница и до нив можат да имаат пристап неовластени лица, пренесува „New Scientist“.
Се наведува дека податоците ги содржат одговорите на квизот, односно дека не се наведени имињата на корисниците, но откриени се нивната возраст, пол и статус на врска.
За 150 илјади луѓе откриени се и информации околу ажурирање на статусите. Сите тие податоци требаше да им бидат достапни само на одобрени истражувачи преку заедничка веб страница.
Меѓутоа, „New Scientist“ открива дека корисничкото име и лозинката оние кои имаат пристап до овие податоци можат да ги добијат за помалку од една минута, овозможувајќи им на сите да ги преземат личните податоци.
Податоците се собрани од тестот под назив „MyPersonality“, а наводно многу учесници на овој квиз дозволиле нивните податоци анонимно да се споделуваат со истражувачите.
Тимот кој стои зад квизот му дозволил на секој истражувач кој сакал да ги искористи податоците до кои има пристап, па вкупно 280 лица добиле пристап, вклучувајќи ги и вработените во Facebook и другите големи технолошки компании, стои во извештајот.
Од Facebook соопштија дека како дел од истрагата за злоупотреба на податоците на корисниците се суспендирани 200 апликации, меѓу кои влегува и споменатиот квиз „MyPersonality“.
Извор: B92.net