Realme официјално го објави своето тригодишно стратешко партнерство со тимот на Aston Martin Formula One.
Како дел од оваа соработка, Realme ќе лансира интересен ко-брендиран модел на телефон: GT 7 Dream Edition.
„Соработката со легендарен тркачки тим како Aston Martin Aramco е клучна за нас во нашите напори да ги поместиме границите на иновациите. Само нашите најодлични производи добиваат „крилја на скарабеј“ и полетаат, а ние сме возбудени што продолжуваме да им обезбедуваме исклучителен дизајн и врвен квалитет на корисниците ширум светот во соработка со овој тим“, рече Скај Ли, извршен директор на realme.
Мет Чепмен, раководител на одделот за лиценцирање и стока во тимот на Aston Martin Aramco Formula One , по овој повод изјави: „Воодушевени сме што Realme стана дел од нашиот тим, со лансирањето на нашиот прв кобрендиран телефон. GT 7 Dream Edition комбинира врвни перформанси и иновативен дизајн и со нетрпение ги очекуваме идните модели на кои ќе работиме заедно.“
Паметниот телефон realme GT 7 Dream Edition ја продолжува традицијата на врвни перформанси од серијата realme GT, со аеродинамични дизајнерски линии и посебна боја Aston Martin Racing Green. Дополнително, како дел од оваа соработка, планирано е да се развиваат по два модели секоја година, што го прави ова партнерство уште поинтересно.