Неодамна најавените Family Hub фрижидер, Bespoke AI машините за перење, како и Bespoke AI Jet Ultra правосмукалката, го заокружуваат најдоброто од паметните апарати за домаќинство за оваа година.
Samsung Electronics со гордост го најавува лансирањето на својата најнова линија на паметни апарати за домаќинство, дизајнирани да донесат удобност, ефикасност и иновација во секојдневниот живот. Потврдувајќи ја својата визија „Екрани насекаде“, прв во линијата е 21.5 инчниот Family Hub фрижидер, кој претставува совршен спој на технологија и функционалност, овозможувајќи им на корисниците не само ефикасно ладење и складирање на намирниците, туку и управување со домот, поврзување со семејството и уживање во забавата – директно од фрижидерот.
Следен апарат во линијата е серијата Bespoke AI машини за перење – која вклучува Комбо, машина за перење и машина за сушење, сите со 7-инчен AI Home екран – и носи врвна вештачка интелигенција за поедноставување на рутините при перење. Серијата се одликува со интелигентно препознавање на количината на облека, оптимизирана потрошувачка на енергија и кориснички интерфејс што се прилагодува на индивидуалните навики.
Линијата на апарати се заокружува со Bespoke AI Jet Ultra – најмоќната безжична stick правосмукалка. Со извонредна сила на вшмукување, напреден систем за филтрација и елегантен дизајн, таа беспрекорно искуство во чистењето – идеално за современиот дом.
Овие иновативни производи веќе се достапни за купување во Северна Македонија кај избрани малопродажни партнери и онлајн. За информации за цени и достапност, посетете ја страницата Samsung.com или овластените продажни места и трансформирајте го вашиот дом уште денес.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
ПР