Meta уште еднаш им овозможи на корисниците на Facebook да ги гледаат само објавите, приказните и видеата на своите пријатели на нивниот feed, без реклами или препораки.
Компанијата истакна дека со текот на времето, Facebook ги прошири можностите на групите, ги подобри платформите за видео и реклами, но „магијата на пријателите“ во меѓувреме избледе, а новите поставки треба да ја вратат социјалната мрежа на корените и комуникацијата со најблиските.
Промената најпрво стапи на сила во Соединетите Американски Држави и Канада, а корисниците можат да постават свои преференции преку новиот таб „Friends“.
„Некогаш местото за преглед бара за пријателство и луѓе кои можеби ги познавате, табот Friends сега ќе ги прикажува приказните на вашите пријатели, рилсовите, објавите, родендените и барањата за пријателство“, се наведува во соопштението на интернет-страната на компанијата Meta.
Meta наведува и дека социјалните мрежи „треба да бидат навистина социјални“ и најави дека ќе воведе позабавни, едноставни искуства кои ќе им овозможат на корисниците полесно да се поврзат.